Од вкупниот број на позитивни (2 051) во последните 24 часа, 276 граѓани се заразиле по втор пат
Пријавени се и вкупно 14 смртни случаи од кои седум се во изминатото деноноќие, а останатите седум се со датум на смрт од 8 до 14 јануари. Од вкупниот број на починати (14) четири лица биле целосно вакцинирани
Во моментов активни се 18 498 случаи од кои повеќе од половина се во Скопје. Над илјада активни има и во Битола и Прилеп
Во изминатите 23 часа направени се 6 353 тестови, а регистриран е 2 051 нов случај на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Пресметано во проценти, ова значи дека нешто повеќе од 32 отсто од тестираните последното деноноќие добиле позитивен резултат односно речиси секој трети тестиран граѓанин е позитивен. Од вкупниот број на позитивни (2 051), регистрирани се 276 реинфекции.
Новите случаи се во: Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24, Делчево – 22, Свети Николе – 21, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка и Крушево – по 8, Демир Капија – 6, Пехчево – 5, Пробиштип – 4, Македонска Каменица – 3, Македонски Брод – 2, Дебар, Виница и Дојран – по 1.
Регистрирани се 747 оздравени пациенти од: Скопје – 473, Битола – 47, Куманово – 39, Охрид – 30, Кавадарци – 29, Прилеп – 27, Гостивар – 18, Велес – 13, Струга – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Струмица, Делчево и Ресен – по 6, Кочани – 5, Радовиш и Виница – по 4, Крушево и Пробиштип – по 3, Неготино, Македонски Брод и Дебар – по 2, Кичево, Валандово, Богданци и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (82г и 86 г) и Битола (48г и 65 г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица од: Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1). Починатите се со датум на смрт од 08-14.01.2022, а се на возраст од 47 г до 89 г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.
Активни се 18 498 случаи: Повеќе од половина во Скопје
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 249 704, бројот на оздравени пациенти е 223 053, на починати е 8 153, а бројот на активни случаи изнесува 18 498.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 11 2551, Активни 9 714
- Куманово 14 033, Активни 709
- Прилеп 12 201, Активни 1 040
- Тетово 11 819, Активни 331
- Битола 11 483, Активни 1 638
- Гостивар 8 413, Активни 258
- Кавадарци 8 098, Активни 445
- Велес 7 955, Активни 343
- Охрид 7 537, Активни 564
- Штип 7 185, Активни 298
- Струмица 6 782, Активни 393
- Кичево 4 666, Активни 276
- Кочани 4 385, Активни 216
- Струга 4 179, Активни 204
- Гевгелија 3 353, Активни 293
- Неготино 2 872, Активни 183
- Свети Николе 2 290, Активни 113
- Ресен 2 136, Активни 202
- Крива Паланка 2 105, Активни 119
- Радовиш 2 070, Активни 221
- Делчево 1 627, Активни 121
- Берово 1 571, Активни 83
- Дебар 1 480, Активни 15
- Виница 1 230, Активни 35
- Пробиштип 1 217, Активни 54
- Валандово 1 225, Активни 148
- Кратово 845, Активни 55
- Крушево 780, Активни 150
- Богданци 776, Активни 71
- Демир Хисар 723, Активни 67
- Македонски Брод 602, Активни 44
- Македонска Каменица 465, Активни 33
- Демир Капија 462, Активни 24
- Пехчево 392, Активни 27
- Дојран 196, Активни 11