Во честитката до граѓаните, шефицата на државата вели дека правилната и достоинствена употреба на македонскиот јазик, како и доследната примена на Законот за употреба на македонскиот јазик, претставува темел на функционалната демократска држава
Денес, повеќе од кога било, наша обврска е да го чуваме, негуваме и унапредуваме македонскиот јазик. Да го чуваме и браниме од негирања, оти без него не сме тие што сме ниту ќе останеме свои – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.

Во честитката до граѓаните, шефицата на државата вели дека правилната и достоинствена употреба на македонскиот јазик, како и доследната примена на Законот за употреба на македонскиот јазик, претставува темел на функционалната демократска држава.
Македонскиот јазик, додава претседателката, е темел на нашиот идентитет и самобитност, траен сведок на историскиот континуитет и носител на културното и духовното наследство на македонскиот народ
„Тој е огледало на генерации Македонци низ вековите, преку него се изразува народниот дух, а со неговото опстојување се потврдува нашето постоење. Тој е прекрасниот инструмент за изразување љубов и идеи, создавање уметнички и научни творби, вредни дела и вечни вредности“,
пишува Сиљановска-Давкова во честитката објавена на Фејсбук.
