М.З. (1960) е осомничен дека од 29 април до 1 мај годинава кршел каси и крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница
Шеесет и шестгодишен македонски државјанин е приведен во соседна Србија под сомнение дека извршил кражби во четири џамии во Нови Пазар, Тутин и Сјеница.

„Полициски службеници од Нови Пазар и Бујановац го уапсија М.З. (1960), државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека сторил четири кривични дела тешка кражба. Осомничен е дека од 29 април до 1 мај годинава кршел каси и крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница“,
стои во објавата на Министерството за внатрешни работи на Србија.
За време на претресот кај осомничениот биле пронајдени нож и електрошокер. Против 60-годишникот од С Македонија е поднесена прекршочна пријава и му е одреден 48-часовен притвор.
