Во соопштението на Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати се посочува дека системите за воздушна одбрана на земјата се активно вклучени во одговор на заканите и дека ги одбиваат нападите на Техеран
Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска објави дека земјата повторно е цел на напади од ирански ракети и беспилотни летала.

Во соопштението на Министерството се додава дека системите за воздушна одбрана на земјата се активно вклучени во одговор на заканите и дека ги одбиваат нападите на Техеран.
Националната агенција за вонредни состојби на ОАЕ ги повика граѓаните да останат на безбедна локација.
Претходно вчера ОАЕ соопштија дека пресретнале 15 ирански ракети и четири беспилотни летала.
