Во Скопје се 184 од вкупниот број активни случаи во цела држава. Во Прилеп има 24, а трет град по бројот на активни е Битола со 13
Во последните 24 часа направени се 543 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 29, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и Кочани – по 2, Струмица, Штип, Радовиш, Берово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани се 47 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Битола, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Куманово, Велес и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати, а нема ниту пријавени смртни случаи согласно регистарот од Мој Термин.
Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344 075, бројот на оздравени пациенти е 334 249, на починати е 9 564, а бројот на активни случаи изнесува 262.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 162 278, Активни 184
- Куманово 18 247, Активни 4
- Битола 17 989, Активни 13
- Прилеп 15 557, Активни 24
- Тетово 14 473, Активни 0
- Кавадарци 12 098, Активни 5
- Велес 10 814, Активни 2
- Охрид 10 322, Активни 3
- Гостивар 10 281, Активни 4
- Струмица 8 785, Активни 2
- Штип 8 774, Активни 8
- Кичево 6 076, Активни 1
- Кочани 5 546, Активни 2
- Струга 5 173, Активни 0
- Гевгелија 4 884, Активни 0
- Неготино 4 151, Активни 1
- Ресен 3 029, Активни 0
- Радовиш 2 837, Активни 1
- Свети Николе 2 795, Активни 0
- Крива Паланка 2 660, Активни 0
- Делчево 2 184, Активни 1
- Берово 1 877, Активни 2
- Дебар 1 812, Активни 0
- Валандово 1 600, Активни 0
- Виница 1 479, Активни 1
- Пробиштип 1 299, Активни 0
- Кратово 1 133, Активни 2
- Богданци 1 102, Активни 0
- Крушево 1 039, Активни 1
- Демир Хисар 929, Активни 0
- Македонски Брод 801, Активни 1
- Демир Капија 628, Активни 0
- Македонска Каменица 534, Активни 0
- Пехчево 519, Активни 0
- Дојран 370, Активни 0