Последните податоци за состојбата на ковид-19 низ светот покажуваат дека досега се заразиле 25 784 362 лица, а од нив починале 857 521, а битката со вирусот ја добиле 18 049 967 лица.
Како што соопшти Светската здравствена организација, стапката на смртност во светот во текот на изминатата недела се намали за околу три проценти, а вкупниот број на нови инфекции изнесуваше околу 1,8 милиони.
Во Индија во изминатата недела се регистрирани речиси половина милион нови позитивни на ковид-19. Во моментов во оваа земја има 3 766 108 дијагностицирани, од нив 2 898 087 се оздравени и 66 460 се починати.
Северна и Јужна Америка сè уште се изложени на висок ризик од ширење на коронавирусот, а речиси половина од заразените и мртвите во светот се потврдени во Америка.
Епидемијата се влошува во Перу, Мексико, Колумбија и Аргентина, додека во Европа, со нови случаи на ковид-19, водат Русија, Шпанија, Франција и Украина.
Епидемиите се намалени во Африка, а помалку нови случаи се пријавени во Гана, Кенија, Габон и Мадагаскар.
Ситуацијата во медитеранскиот слив и на Блискиот исток е неповолна во Ирак, Иран, Мароко, Саудиска Арабија и Кувајт.
Бројот на новоинфицирани со коронавикрусот во Велика Британија се зголеми за 1 295, на вкупно 337 168, покажуваат денеска објавените податоци на британската Влада.
Тоа е мало намалување од вчера, кога имаше 1 406 нови пациенти, јавуваат британските медиуми. Во изминатите 28 дена во земјата умреле три лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 41 504 лица.