Во моментов активни се 648 случаи од кои најмногу во Скопје (306) и во Битола (139). Во осум градови, пак, нема ниту еден активен случај
Во последните 24 часа направени се 1 084 тестови за ковид-19 и од нив регистрирани се 77 нови случаи. Во осум случаи од вкупниот број на позитивни изминатото деноноќие станува збор за реинфекции, соопшти Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 29, Битола – 20, Прилеп, Велес, Гостивар и Охрид – по 5, Тетово – 2, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кочани, Струга и Гевгелија – по 1.
Регистрирани сe 101 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 27, Берово – 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Кавадарци и Велес – по 3, Куманово, Тетово, Охрид и Кичево по 2, Гостивар, Штип, Ресен, Виница и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, како и дополнително согласно регистарот од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица со дијагноза ковид-19.
Активни се 648 случаи: Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310 140, бројот на оздравени пациенти е 300 208, на починати е 9 284, а бројот на активни случаи изнесува 648.
Состојбата по градови е следна:
- Скопје 145 776, Активни 306
- Куманово 16 640, Активни 8
- Битола 15 446, Активни 139
- Прилеп 14 161, Активни 26
- Тетово 13 460, Активни 13
- Кавадарци 10 649, Активни 16
- Велес 9 771, Активни 10
- Гостивар 9 590, Активни 15
- Охрид 8 858, Активни 26
- Струмица 8 066, Активни 14
- Штип 8 029, Активни 12
- Кичево 5 627, Активни 7
- Кочани 5 078, Активни 4
- Струга 4 719, Активни 4
- Гевгелија 4 406, Активни 5
- Неготино 3 679, Активни 2
- Ресен 2 727, Активни 11
- Свети Николе 2 626, Активни 0
- Радовиш 2 529, Активни 1
- Крива Паланка 2413, Активни 0
- Делчево 1 979, Активни 9
- Дебар 1 674, Активни 1
- Берово 1 662, Активни 6
- Валандово 1 488, Активни 3
- Виница 1 393, Активни 3
- Пробиштип 1 266, Активни 1
- Богданци 1 019, Активни 0
- Кратово 966, Активни 1
- Крушево 926, Активни 0
- Демир Хисар 832, Активни 4
- Македонски Брод 736, Активни 0
- Демир Капија 593, Активни 0
- Македонска Каменица 523, Активни 0
- Пехчево 486, Активни 0
- Дојран 347, Активни 1