Од денешните 164 случаи со ковид-19, 24 се регистрирани во Куманово, а од тамошниот Центар за јавно здравје соопштија дека од нив 19 се во Куманово, а 9 во Липково.
„После еден месец, во Куманово имаме поголем број заболени. Новите случаи во Липково, пак, потекнуваат од веќе познати кластери“,
вели директорот на ЦЈЗ Куманово, Ариф Љатифи.
Меѓу 15-те случаи во Куманово повеќето се здравствени работници и инспектори.
Три се медицински сестри, едно лице од техничката служба во болницата, еден лекар кој работи во Скопје, еден вработен во Државниот санитарен и здравствен инспекторат и четворица пазарни инспектори.