Направени се 1 045 тестирања – овој пат ниту едно во рамки на скринингот
Починаа пациентки од Скопје и Тетово, на возраст од 53 и 60 години
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19.
Повторно повеќе од половина од заболените се во Скопје – 85. Во Куманово, во последно деноноќие, се регистрирани 24 нови случаи, а во Тетово – 18.
Другите случаи на ковид-19 во последните 24 се: во Охрид – 9, во Дебар и во Прилеп – по 3, Штип и Струга – по 5, Гостивар, Ресен и Свети Николе – по 2, а по еден нов случај е регистриран во Гевгелија, Крива Паланка, Кочани, Македонски Брод, Валандово и Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје – 3, Прилеп – 6, Струга – 1, Велес – 1 и Виница – 1. Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (53) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 701, а бројката на оздравени е 1 694, на починати – 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 836.
По завршени епидемиолошки анкети и евидентиран еден контролен резултат, последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1 676, активни 1040
• Куманово 620, активни 202
• Дебар 56, активни 5
• Штип 232, активни 192
• Прилеп 226, активни 25
• Тетово 336, активни 165
• Струга 115, активни 39
• Велес 149, активни 28
• Битола 30, активни 3
• Охрид 55, активни 38
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 56, активни 33
• Гевгелија 7, активни 3
• Струмица 7, активни 4
• Крива Паланка 8, активни 2
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 54, активни 23
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 4, активни 3
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 7, активни 6
• Кичево 3, активни 1
• Ресен 3, активни 3
• Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, соопштија од МЗ.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент позитивни и сомнителни на ковид-19.