Со новите 725 случаи на ковид-19 регистрирани во последното деноноќие од 3 342 тестирања, бројот на откриени случаи на коронавирус во земјава од почетокот на пандемијата достигна до 100 632 заболени лица.
Според бројките на Министерството за здравство, од нив активни во моментов се 7 223 случаи. Бројот на оздравени пациенти е 90 311 лица, а на починати е 3 098 лица.
Гледано по градови, најголем дел од лицата регистрирани со ковид-19 од почетокот на пандемијата се во Скопје – 43 959 случаи од кои активни во моментов се 3 153.
После Скопје, по број на активни случаи предничи Прилеп со 551 заболено лице во моментов, па Кавадарци – 508 случаи, Охрид – 434 случаи, Тетово – 259, Велес – 235 и Куманово – 222 активни случаи. Троцифрен е бројот на заболени и во Делчево- 190, Струга – 175, Битола- 156, Неготино – 152, Струмица и Гевгелија– 151 активен случај, Гостивар – 132 и Штип – 118 активни случаи.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска посочи дека последниве денови има зголемување на бројот на регистрирани заразени во однос на направени тестови. Со епидемиолозите од Комисијата за заразни болести се прават анализи на што се должи тоа.
Филипче посочи дека тоа може да се должи на британскиот сој на ковид-19, но и на непочитување на мерките.
Тој рече дека не се исклучува можноста за воведување на некакви други мерки, на локално ниво или пошироко, но засега не се разгледува таква опција.