Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 779 нови случаи на ковид-19. Потврдените случаи се должат на само 1 613 теста, што значи дека 48% од тестовите биле позитивни. За споредба, во периодите кога епидемијата „мируваше“, стапката на позитивни тестови е вообичаено под 10%.
Новите случаи, речиси половината, се во Скопје. Ова е дистрибуцијата на нови случаи во последното деноноќие по градови:
- Скопје – 345,
- Битола – 61,
- Куманово – 45,
- Прилеп – 39,
- Кавадарци – 38,
- Велес – 32,
- Струмица – 25,
- Тетово – 24,
- Охрид и Кичево – по 23,
- Штип – 21,
- Струга,
- Гевгелија и Неготино – по 14,
- Ресен и Радовиш – по 8,
- Гостивар и Крива Паланка – по 7,
- Демир Хисар – 5,
- Кочани, Свети Николе и Валандово – по 4,
- Дебар и Македонски Брод – по 3,
- Пробиштип и Крушево – по 2,
- Делчево, Берово, Виница и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (779), регистрирани се 173 реинфекции. Во исто време, регистрирани сe 477 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и четири починати лица: две починати лица од Прилеп (80г и 89г) и по едно починато лице од Скопје (68г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.
Според епидемиолошки анализи во моментов, бројот на активни случаи изнесува 4 136 а дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 1 965
- Куманово 207
- Битола 313
- Прилеп 163
- Тетово 127
- Кавадарци 186
- Велес 151
- Гостивар 7
- Охрид 180
- Струмица 10
- Штип 86
- Кичево 76
- Кочани 42
- Струга 78
- Гевгелија 60
- Неготино 60
- Ресен 53
- Свети Николе 24
- Радовиш 31
- Крива Паланка 34
- Делчево 5
- Берово 9
- Дебар 13
- Валандово 14
- Виница 4
- Пробиштип 5
- Богданци 5
- Кратово 19
- Крушево 12
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 11
- Демир Капија 1
- М. Каменица 2
- Пехчево 1
- Дојран 0