За името, како што рече, ќе се консултира со Институтот за историја, а за ова во следниот период ќе разговара и со премиерот на Бугарија, Кирил Петков
Премиерот Димитар Ковачевски најави дека во Благоевград ќе биде отворен културен центар, за чие име, како што рече, ќе се консултира со Институтот за историја, а за ова во следниот период ќе разговара и со премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
„Планирам директно да го информирам премиерот Петков дека во наредниот период планираме да отвориме нов културен центар во Бугарија, а името ќе го одредиме во координација со нашиот Институт за историја и, почитувана Мизрахи, ќе Ве повикам да дојдете со мене на отворањето“,
рече Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа зошто во земјава има здружение со името на Ванчо Михајлов.