Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на партиска трибина објави договор за кој тврди дека е склучен меѓу државната ЕСМ и фирмата на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети од ДУИ.
Според Ковачки, во договорот стои дека истата фирма има само еден вработен, а има добиено концесија уште од претходната влада на СДСМ и ДУИ за ископ на варовник во вредност од 3 600 000 денари.
„Станува збор за договор што го има потпишано исто така Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, кој го купи трговскиот центар ‘Соравија’ за 30 милиони евра. Овде имам во мене договор со ЕСМ, значи човекот Дрин Ахмети е сопственик на фирма ‘Еверест ЏД’ кој има концесија за ископ на варовник, и таа концесија е некаде 16-17 години и е добиена уште во времето на претходната влада на СДС и ДУИ. Договорот се однесува на купопродажба на варовник од страна на ЕСМ и изнесува околу 3 600 000 денари. Значи, станува збор за фирма која е од кланот на Ахмети и склучува договор со државната ЕСМ, значи ги троши народните пари. Симптоматично е што до нас стигна информација дека оваа фирма има само еден вработен. И сега, доколку е тоа така, како тогаш може тој еден вработен да подготви и апликација за тендерска документација, како може да ги врши ископи итн. Значи, прилично сериозен случај како овој со купувањето на ‘Соравија’ и за кои треба да се заинтересираа институциите“,
тврди Ковачки.
Toj ja повика ДКСК веднаш да постапи за овој случај.
