Како што соопштија од владината прес-служба, во фокусот на средбата помеѓу Ковачевски и Марин била поддршката што Република Финска ја добива во процесот за пристапување во НАТО, како и силното застапување на Финска за проширувањето на ЕУ со отпочнување на преговорите за Северна Македонија за членство во ЕУ
По билатералната средба, премиерите Ковачевски и Марин одржаа заедничка прес-конференција на која уште еднаш го потврдија пријателството помеѓу двете земји и заедничката евроатлантска иднина кон која, како што кажаа, ќе продолжат да се заложуваат
Премиерот Димитар Ковачевски и премиерката на Република Финска, Сана Марин којашто е во работна посета на земјава, денеска одржаа тет-а-тет средба на која разговараа за повеќе прашања од интерес на двете земји.
Како што соопштија од владината прес-служба, во фокусот на средбата помеѓу Ковачевски и Марин била поддршката што Република Финска ја добива во процесот за пристапување во НАТО, како и силното застапување на Финска за проширувањето на ЕУ со отпочнување на преговорите за Северна Македонија за членство во ЕУ.
Премиерот Ковачевски за време на разговорот со премиерката Марин истакнал оти членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во евроатлантскиот регион, а особено во регионот на Високиот Север и Балтикот.
Премиерите на Финска и Северна Македонија се согласиле дека од посебна важност за Европа е итниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ без дополнителни условувања што Финска силно го препорачува како признание за нашата земја којашто ги исполни сите критериуми за организирање на првата меѓувладина конференција за отворање на поглавјата за членство.
На средбата, Ковачевски и Марин изразиле подготвеност да ги поддржат сите потенцијали за унапредување на економската соработка и соработката во сферите на образованието и дигитализацијата.
По тет-а-тет средбата, делегациите одржаа и билатерална средба на која од наша страна учествуваа Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
По билатералната средба, премиерите Ковачевски и Марин одржаа заедничка прес-конференција на која уште еднаш го потврдија пријателството помеѓу двете земји и заедничката евроатлантска иднина кон која, како што кажаа, ќе продолжат да се заложуваат.