Премиерот Ковачевски во денешното интервју за ТВ 21 повтори дека се работи за провокација тоа што бугарската делегација и учествуваше на отворање на клуб на Здруќението во Битола кое го носи името на човек кој е дел од темната страна на македонската историја
Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на бугарската Влада Кирил Петков се сретнале во Александрополис, но немале билатерална средба. Ова е прва средба на двајцата премиери од посетата на Петков на Битола, каде дел од делегацијата на отворањето на клубот на Здружението „Иван Михајлов“.
Премиерот Ковачевски во денешното интервју за ТВ 21 повтори дека се работи за провокација тоа што бугарската делегација и учествуваше на неговото отворање.
„Не се согласувам со тоа што беше отворен клуб во Битола кој го носи името на Ванчо Михајлов, кој е дел од темната страна на македонската историја. Сметам дека тоа беше провокација од бугарската делегација која дојде и учествуваше на отворањето“,
рече Ковачевски во емисијата „Клик плус“.
Тој вели дека треба да се отвораат културни клубови во двете држави, бидејќи ние сме народи кои имаат различен идентитет, различен јазик и културно наследство и на тој начин се зајакнува пријателството, но тоа не треба да биде со имиња кои не направиле ништо добро и уште еднаш најави отворање на македонски културен центар во Благоевград, а името на тој центар ќе се избере во консултација со Националниот институт за историја.