Според агендата премиерот Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Главната дебата на тема „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“
За време на престојот во Њујорк, соопштија од МНР, Османи ќе учествува на трансатлантска вечера на министри за надворешни работи на НАТО, организирана од страна на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи од утре до 24 септември ќе учествуваат на 77. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Според агендата премиерот Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Главната дебата на 77-то Генерално собрание на ОН каде тема е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“.
Премиерот Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Самитот за трансформација на образованието под покровителство на генералниот секретар на ОН Гутереш и УНЕСКО. Дебатата ќе биде во насока на унапредување на образовните системи во земјите преку реформски процеси кои ќе обезбедат квалитетно и достапно образование за секое дете, соопштија од владината прес-служба.
Претседателот на Владата на Република Севена Македонија ќе учествува и говори на Состанок на високо ниво по повод одбележувањето на 30 годишнината од Усвојувањето на Декларацијата за правата на лицата кои припаѓаат на национални, или етнички, верски и јазични малцинства.
За време на посетата на Њујорк, Ковачевски ќе одржи предавање на Универзитетот Колумбија, каде ќе говори за моделот на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација на земјата.
Предавањето ќе се одржи во рамки на серијата говорници и предавања на Форумот на светски лидери каде досега учествувале над 300 претседатели на држави од 85 земји, меѓу кои и премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, премиерката на Норвешка, Солберг, премиерката на Финска, Марин. Во оваа серија говорници, предавања имаат одржано и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, поранешната државна секретарка на Стејт департментот Медлин Олбрајт, поранешниот претседател на Француската Република Никола Саркози, поранешниот генерален секретар на ООН Бан Ки-Мун.
Во рамките на Генералното собрание на ООН премиерот Ковачевски е поканет и ќе присуствува на приеми кај Претседателот на САД Џо Бајден и кај градоначалникот на Њујорк Ерик Адам.
За време на посетата, а во рамки на Генералното собрание на ООН, премиерот Ковачевски ќе се сретне со генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, а ќе оствари повеќе билатерални средби, како и средби и со истакнати македонски личности кои работат и живеат во Њујорк.
За време на престојот во Њујорк, соопштија од МНР, Османи ќе учествува на трансатлантска вечера на министри за надворешни работи на НАТО, организирана од страна на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Ќе присуствува и на состанокот на Јадранската Повелба А5, како и на состанокот организиран од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Советот за регионална соработка.
Шефот на дипломатијата Османи ќе учествуба и на средбата на земјите на Централно-Европската иницијатива (ЦЕИ) и на други важни меѓународни форуми за соработка.
На маргините на Генералното собрание, како што е најавено, Османи ќе оствари бројни билатерални средби со свои колеги од земјите членки на ЕУ и од земјите учеснички и партнери на ОБСЕ, во контекст на нашето претседавање со оваа организација, како и со високи претставници од Стејт Дипартментот на САД, а ќе ја искористи приликата да оствари средба и со претставници на нашата дијаспора.