Франција и Северна Македонија испишуваат ново поглавје на соработката, било заклучено на денешната средба во владата
Од 2020 година, по средбата на францускиот претседателот Емануел Макрон со поранешниот премиер Зоран Заев, Франција и Северна Македонија испишуваат ново поглавје на соработката. Тоа се рефлектира и со првата инвестиција во соларниот парк на компанијата „Акио енерџи“, вреден преку 270 милиони евра, заклучиле на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и амбасадорот на Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер
Премиерот Ковачевски и амбасадорот Бомгартнер изразија подготвеност за исклучителна соработка во наредните месеци на планот на евроинтеграциите на Северна Македонија, со цел за време на претседавањето на Франција со ЕУ да биде постигнат видлив напредок кој двете земји ќе ги приближи до остварување на целта да се одржи првата меѓувладина конференција, како почеток на преговорите на нашата земја за членство во Унијата, соопштија од Влада.
Ковчевски ги истакнал традиционалните пријателски односи меѓу двете земји, кои во поновата историја на Северна Македонија се поврзани со значаен придонес на истакнати личности од политичкиот живот на Франција, како што се Роберт Бадентер, како претседател на Комисијата за поранешна Југославија која во 1990 година потврди дека Македонија ги исполнува сите критериуми за независност, како и Ален Ле Роа со својот придонес во постигнувањето на Охридскиот договор.
На средбата присуствувал и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.