Во своето излагање тој најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да се јавуваат за збор. Повика предлогот за уставни измени веднаш да оди на пленарна седница и да биде ставен на гласање
Според Мицевски, ако уставни измени се оставеа за на крајот од интегративниот процес, никој немаше да стравува од идна можна блокада за теми како историја и говор на омраза, туку процесот ќе се водеше исклучиво за нивото на исполнетост на копенхашките критериуми
Како салама ги сечкаат, а после тоа ни го претставуваат како успех, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на седницата на собраниската Комисија за уставни прашања на која единствена точка на дневен ред се уставните измени.

Фото: „360 степени“
„Ова не е никаква шанса за напредок на државата, туку шанса за лично профитирање на грбот на државата, за уште некое ’ауди’ – подарок од комшијата, за уште некој бизнис под превезот на демократијата“,
рече Мицевски.
Обраќајќи им се на пратениците од власта, Мицевски рече: „Знам дека сега мислите дека човеков има право и затоа седите со наведнати глави.“ На ова претставниците од власта гласно негодуваа.
Мицевски потсети на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да се случат на крајот од пристапниот процес за членство во Европската Унија.
„Ако уставни измени се оставеа за на крајот од интегративниот процес, ќе имавме некаква сигурност дека нема да бидеме блокирани за теми како историја и говор на омраза, туку процесот ќе се водеше исклучиво за нивото на исполнетост на копенхашките критериуми“,
рече тој.
Без борба ја предадоа Македонија, рече Мицевски говорејќи за досегашните меѓународни договори и додаде дека и со уставните измени продолжуваат негаторските политики.
„Во името на граѓаните ви велам дека нема да може, а уставни измени под бугарски диктат нема да има. Ниту пратеници, ниту народ имате“,
порача Мицевски.
Мицевски најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да се јавуваат за збор. Повика предлогот за уставни измени веднаш да оди на пленарна седница и да биде ставен на гласање. „Да видите како пропаѓа предлогот под бугарски дикат“, рече тој.