Тасулас е роден во 1959 година во Јанина и на функцијата беше потврден речиси исклучиво со гласовите од владејачката конзервативна партија Нова демократија. Гласот за него го дале 160 пратеници од вкупно 300 колку што брои грчкиот парламент

Грчкиот парламент го изгласа 65-годишниот Константинос Тасулас за нов претседател на државата со мандат од пет години. Тој ја презема функцијата од Екатерини Сакеларопулу, која на чело на државата беше од 2020 година како прва жена на позицијата.
Тасулас, правник и досегашен претседател на парламентот, ќе стапи на должноста официјално на 13 март.
Претседателот на државата во Грција има чисто репрезентативна улога.
Тасулас е роден во 1959 година во Јанина и на функцијата беше потврден речиси исклучиво со гласовите од владејачката конзервативна партија Нова демократија. Гласот за него го дале 160 пратеници од вкупно 300 колку што брои грчкиот парламент.
Одлуката за номинација на Тасулас доведе до протести пред парламентот минатиот месец, при што се бараше правда за смртоносната железничка несреќа во 2023 година во која загинаа 57 луѓе. Две години подоцна, судската истрага и натаму е во тек.