Повеќе од 30 демократски конгресмени потпишаа писмо во кое бараат повеќе информации за посетите на Капитол на 5 јануари
Претседателката на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси изјави дека одредени членови на Конгресот би можеле да се соочат со кривично гонење ако се потврди дека помагале или го поддржувале упадот на Капитол хил.
Таа истакна дека сака правда и оти ќе биде истражено дали некои членови на Конгресот се поврзани со нападот од 6 јануари, кога загинаа пет лица.
На социјалните мрежи се појавија видеа, на кои се гледа дека некои членови на Конгресот и претходно, на специјалната седница посветена на пандемијата на 21 декември им отвориле врати на граѓани незаконски да влезат во Конгресот, при што некои носеле и оружје.
„Ако се утврди дека членови на Конгресот биле соучесници во овој бунт, ако помагале или поддржувале злосторство, можеби ќе мора да се преземе акција надвор од Конгресот во смисла на кривично гонење“,
истакна Пелоси.
Нејзината изјава откако членка на Конгресот од демократска партија Мајки Шерил пред неколку дена изјави дека видела неколку колеги како водат „извидувачки групи“ во обиколка на Конгресот, еден ден пред нападот.
Повеќе од 30 демократски конгресмени потпишаа писмо во кое бараат повеќе информации за посетите на Капитол на 5 јануари.
Пелоси наведе и дека ќе биде извршена ревизија на безбедноста на Конгресот.
Канцеларијата за јавни работи на американскиот Оддел (Министерство) за правда објави нова веб-страница со список на сите кои се соочуваат со обвиненија за учеството во минатонеделните насилни протести.
На неа има и полицајци, пожарникари, сопственик на цвеќарница, пратеник во федерална држава, воени ветерани, па дури и освојувач на олимписки медал, но и регострирани претстапници (обвинет за убиство) и припадници на екстремистички групи.