Српскиот епидемиолог Предраг Кон оцени дека состојбата со коронавирусот во земјата продолжува да се влошува, дека се очекува мерките воведени од вторникот да дадат резултати следната недела и да го забават ширењето на вирусот, но сепак има голем број заразени, поради што смирување на состојбата може да се очекува на почетокот или на средината на декември.
„Ненадејниот пораст што го доживуваме е резултат на неверувањето, а не на олабавување на мерките. Со апсолутно почитување на мерките, ќе излеземе од оваа ситуација”,
изјави Кон за ТВ Пинк.
Тој рече дека сите информации кои се кажуваат не е за да се шири страв туку да се предизвика подигање на свеста.
„Имаше коментари дека се шири страв, но стравот што предизвикува рационална одбрана создава претпазливост, а тоа значи почитување на мерките, носење маски во сите услови. Рационалниот страв е пожелен, но стравот што доведува до паника е бескорисен и штетен. Во оваа ситуација е должност да ја пренесеме вистината”,
рече Кон и оцени дека стравот го шират некои весници.
И директорот на СЗО во Србија, Марјан Ивануша во изјава за ТВ Прва предупреди дека ситуацијата во Србија е многу сериозна и земјата во изминатите седум дена по бројот на заболени на 100 000 жители е меѓу првите водечки три.
Во последните 24 часа во Србија официјално се потврдени 7 606 нови слуаи, најмногу од поечтокот на епидемијата. Починале 51 лице, додека 243 се на респиратори.