Владата, во соопштение, информира кои институции даваат дозволи за движење на граѓаните за време на полицискиот час и за кои категории граѓани се однесува тоа
Во категорија на дозволи што ги издава МИОА се опфатени:
- Претставници на институции за кои со одлука на Кризниот штаб на Влада е утврдено дека имаат потреба да се движат во време на забраната за движење
- Дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен
- Вработени во мали пекари/бурекчилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие
- Дежурни вработени во погребални претпријатија
- Лица кои се грижат за лица кои имаат потреба од нега од друго лице-трето лице (со соодветна медицинска документација)
- Одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство/ подрачните единици на МЗШВ се одговорни за подготовка на список на земјоделци
Кој го поднесува барањето за дозвола за движење:
- Брањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекчилници, погребални претпријатија го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени.
- Барањето за лицата кои се грижат за трето лице го поднесува лицето кое ја врши негата
Во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат:
- Вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби
- Вработени во сервисни компании (ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори, јавни и комунални претпријатија)
- Општинските кризни штабови даваат услуги за достава на храна и основни продукти (ресторани и маркети)
Во отстапките за ограничено движење влегуваат вработените во компании за кои дозволи за движење издава работодавачот:
- Компании кои имаат регистрирано работа во трета и/или четврта смена во Државен инспекторат за труд
- Медиуми кои имаат дежурни вработени за кои не е потребна работа на терен (движење од домот до работното место и назад)
- Градежни компании за вработени кои се ангажирани за работа на објекти
- Компании кои работат за време на викенд
Со оваа мерка се опфатени и категории на граѓани за кои не е потребна дозвола за движење:
- Превозници со товарни возила
- За потреба на достава на стока (со соодветна документација)
- Прошетка на домашни миленичиња (во дозволените периоди и во непосредна близина на домот).