Струмичкиот ноќен клуб „Аватар“, кој пред месец и половина беше затворен поради непочитување на здравствените протоколи, се пререгистрира во кафе-бар и продолжи со работа.
По објавите на социјалните мрежи дека таму повторно се одржуваат забави, инспектори на Пазарниот инспекторат извршиле контрола минатиот петок, но не констатирале неправилности.
Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски за МИА потврди дека ноќниот клуб „Аватар“ кон крајот на минатиот месец бил пререгистриран во кафе-бар.
Инспекторите минатиот петок го посетиле локалот и направиле записник, а констатирано е дека протоколите се почитувале, односно имало сѐ што е потребно за да работи како кафе-бар.
„Инспектори беа таму до 1:10 часот, а објектот бил затворен во 1:00 часот по полноќ, до кога е дозволено да работи. Наредната вечер наши екипи беа во контрола во други градови за каде што имавме сознанија дека ќе има забави. Но, добивме информација дека во Струмица има проблеми и ѝ се обративме на полицијата да интервенира. Кога стигнале нашите инспектори, полицијата веќе напишала кривична пријава. Доколку понатаму констатираме неправилности, ќе реагираме и ќе пратиме информација до Владата за да преземеме и поригорозни мерки“,
вели Пауновски.
Од менаџментот на „Аватар“ велат дека работат како кафе-бар и ги почитуваат законските прописи и протоколи.
„Работиме според закон и ги почитуваме протоколите“,
кусо изјавија од „Аватар“.
Полицијата му поднесе кривична пријава на „Аватар“ и на 18 јули, кога објектот беше затворен од пазарната инспекција.
Поврзана вест*: