Инспекторите ги засилија контролите во угостителските објекти откако во јавноста излегоа снимки и фотографии од забави без почитување на здравствените протоколи
Државниот пазарен инспекторат го затвори утринава локалот „Аватар“ во Струмица, каде што за време на викендот имаше забави без запазување на мерките за заштита од ковид-19, и покрај тоа што нема дозвола за работа на ноќните клубови поради здравствената ситуација во земјава.
Инспекторите во петокот вечерта извршија контрола на клубот и подготвија записник, а најавија и кривична пријава до Јавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на ковид-19.
Инспекторите беа таму во петокот навечер, подготвен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава заради тоа што ниту еден ноќен клуб во моментот не смее да работи, информираше во неделата Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат.
И покрај посетата на инспекторите во петокот, следниот ден, во саботата, повторно имаше забава во клубот.