По објавувањето на сторијата на ИРЛ за лекувањето на пациенти со хемофилтрација, од ОЈО беше одлучено по допрен глас доктор Жан Митрев да биде повикан на распит, се вели во информацијата од ОЈО до повеќе медиуми претходно
Од Клиниката „Жан Митрев“ попладнево преку соопштение потврдија дека д-р Жан Митрев по уредна покана на ОЈО денеска бил таму и дал своја изјава.
„Клиниката ‘Жан Митрев’ и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било
наведуваат во соопштението до медиумите, додавајќи дека само со транспарентен однос и отворена соработка може да ѝ служат на вистината и на етичките и моралните вредности.
случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес
на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е
и кон нашите пациенти. Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и
човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста“,
Од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска за повеќе медиуми потврдија дека доктор Жан Митрев бил повикан на распит за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје.
„По објавувањето на сторијата на ИРЛ за лекувањето на пациенти со хемофилтрација, од ОЈО беше одлучено по допрен глас доктор Жан Митрев да биде повикан на распит“,
се вели во информацијата што ја објави Плусинфо.
Кога ИРЛ во јули годинава го објави документарецот под наслов „Нечиста крв“, за скапото лекување од ковид-19 во клиниката „Жан Митрев“ кое било непријавена клиничка студија, од ОЈО за „360 степени“ изјавија дека веќе оформиле предмет.
„Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“,
одговорија тогаш од јавното обвинителство.
По сторијата на ИРЛ, Владата го задолжи Здравство вo рок од два дена да достави информација за случајот.
„Поради големиот број реакции во јавноста, Министерството за здравство е задолжено да подготви и во рок од два дена до Владата да достави информација во врска со овој случај“,
соопштија од владината прес-служба по владината седница.
Истражувањето на новинарите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) покажува дека приватната болница која прими најмногу пациенти за време на ковид-19 пандемијата и во која лекувањето чинеше десетици илјади евра, го применувала методот хемофилтрација (филтрирање на крвта) кој, практичн, бил клиничка студија. Наспроти домашното законодавство, клиничките студии не биле пријавени и одобрени од МАЛМЕД.
Во научните трудови објавени врз основа на клиничките студии во „Жан Митрев“ пишува и дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето. Тоа го тврдат и дел од роднините на починати пациенти во болницата. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ ниту еднаш не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако по закон треба да го извести овој државен орган.