Синофарм објави дека нивната вакцина која е во третата фаза од тестирањето обезбедува развој на имунитет по само две недели од примањето
Оние кои ќе ја примат кинеската вакцина против ковид-19 развиваат имунитет на вирусот во рок од две недели од првата инјекција, изјави Лу Џинжен, шеф на кинеската Национална фармацевтска група (Синофарм).
Во моментов Синофарм ја спроведува третата фаза на меѓународни клинички испитувања на вакцината во Обединетите Арапски Емирати. Се очекува вакцината да се појави на пазарот кон крајот на декември 2020 година.
„Една доза дава гаранција од 97 отсто заштита, антителата се развиваат бавно. Нормално, нивото на антитела потребни за борба против ковид-19 ќе се развие во рок од половина месец. Ако примите две инјекции гарантирана е 100 отсто заштита“,
тврди Лу.
Според него, интервалот помеѓу првата и втората инјекција е 28 дена, но во специјални случаи може да се примат и двете инјекции истовремено. Шефот на Синофарм вели дека вакцината нема да биде многу скапа, односно ќе чини 144 американски долари за две дози.
И Русија веќе објави дека одобрила вакцина против ковид-19, што наиде на сомнеж кај повеќе држави во однос на нејзината безбеднот и ефиканост.
СЗО објави дека во моментов во светот се работи на 160 потенцијални вакцини.