Кина постигна значителен напредок во клонирањето животни во последниве години. Во 2022 година кинеска компанија го создаде првиот клониран арктички волк во светот, а во 2017 година кинеските научници рекоа дека произвеле клонирани говеда со зголемена отпорност на говедска туберкулоза
Кинеските медиуми пренесуваат дека научниците од таа земја успешно клонирале три „суперкрави“ кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко. Државниот „Нингџија дејли“ објави дека експерти од Северозападниот универзитет за земјоделска и шумарска наука и технологија клонирале раса на крави Холштајн-Фризија која потекнува од Холандија.
Овие крави можат да произведат 18 тони млеко годишно или 100 тони млеко во текот на нивниот живот, што е речиси 1,7 пати повеќе од количината на млеко произведено од просечна крава во САД во 2021 година. „Нингџија дејли“ пишува дека клонираните животни се родени на почетокот на оваа година. Првото од клонираните телиња е родено на 30 декември со царски рез поради неговата релативно голема маса од 56,7 килограми.
Научниците направиле 120 клонирани ембриони од клетките на високопродуктивните крави и ги сместиле во сурогат-крава. Џин Јапинг, научникот кој го водеше проектот, рече дека клонирањето на „суперкравите“ е голем чекор напред бидејќи ѝ овозможува на Кина да ги одгледува најдобрите раси „на економски изводлив начин“, пишува Си-ен-ен.
„Само пет од 10 000 крави во Кина можат да произведат 100 тони млеко во текот на нивниот живот, што ги прави вреден ресурс за размножување. Но понекогаш е тешко да се одреди точно за кое животно станува збор, што го отежнува нивното одгледување. Планираме да создадеме стадо од повеќе од 1 000 суперкрави во рок од две до три години, за да се намали зависноста на Кина од увоз на крави“,
рече Џин.
Кина увезува дури 70 отсто од млечните крави од странство. Во многу земји, вклучително и во Соединетите Американски Држави, фармерите ги вкрстуваат клоновите со конвенционалните животни за да додадат пожелни особини на генскиот базен, како што се високото производство на млеко или отпорноста на болести.
Кина постигна значителен напредок во клонирањето животни во последниве години. Во 2022 година кинеска компанија го создаде првиот клониран арктички волк во светот, а во 2017 година кинеските научници рекоа дека произвеле клонирани говеда со зголемена отпорност на говедска туберкулоза.