Научниците веќе долго време посочуваат дека е од суштинско значење да се открие вистинското потекло на вирусот и неговото пренесување на луѓето
Кина го блокираше доаѓањето на тим од Светската здравствена организација, кој треба да го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот, со тврдење дека сѐ уште не се одобрени визите за претставниците на Организацијата.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази негодување и ја повикал Кина да му дозволи влез на истражувачкиот тим, пренесува „Гардијан“.
„Јас сум многу разочаран од оваа вест, со оглед на тоа што двајца члена веќе го почнаа своето патување, а другите не беа во можност да отпатуваат во последен момент. Бев во контакт со високи кинески претставници. И уште еднаш појаснив дека мисијата е приоритет за СЗО“,
изјави тој.
СЗО веќе неколку месеци се обидува да испрати тим од експерти од повеќе земји во Вухан, за што разговара со кинеските власти од јули минатата година. Научниците веќе долго време посочуваат дека е од суштинско значење да се открие вистинското потекло на вирусот и неговото пренесување на луѓето.
Поврзани вести:
Кина: Затвор за новинарка што известуваше од Вухан
СЗО: Да не се политизира истрагата за потеклото на коронавирусот
(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Кина: Ќе платите висока цена за коронавирусот