Можната средбата помеѓу двајцата лидери доаѓа откако претходно Белата куќа соопшти дека поседува информации оти преговорите за оружје помеѓу двете земји „активно напредуваат“
Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун планира овој месец да отпатува за Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин, објавија повеќе медиумски и британски медиуми повикувајќи се на изјави од американски функционери и извори.
Двајцата лидери, според пишувањето на медиумите, ќе разговараат за можноста Северна Кореја да ѝ обезбеди оружје на Москва со цел да ја поддржи нејзината војна во Украина.
Точната локација на планираната средба засега не е јасна.
За ваквите пишувања на медиумите, меѓу кои и „Њујорк тајмс“ и „Би-би-си“, досега немаше коментар или демант ниту од Северна Кореја ниту од Русија.
Извори на „Њујорк тајмс“ велат дека Ким Џонг Ун на средбата ќе патува со оклопен воз.
Можната средбата помеѓу двајцата лидери доаѓа откако претходно Белата куќа соопшти дека поседува информации оти преговорите за оружје помеѓу двете земји „активно напредуваат“.