Осудениот Зоран Милески-Кичеец до Основниот кривичен суд во Скопје испратил барање за одложување на издржувањето на затворската казна во Охрид откако доби упатен акт со кој вчера (12 октомври) требаше да се јави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
Меѓутоа, од скопскиот суд информираа и дека тој ги известил дека ја сменил адресата на живеење од Скопје во Охрид, па сега, согласно Законот за извршување на санкции, за барањето за одложување ќе треба да одлучува Основниот суд во Охрид.
Предметот таму е веќе испратен таму за одлучување.
Во соопштението објавено од скопскиот суд нема информации кои се причините за одложување што ги побарал Кичеец.
Тој е осуден во предметот „Рекет“ за делото примање награда за противзаконито влијание за кое уште на првото судско рочиште на 3 декември лани призна вина.
Во судот во Охрид, пак, на крајот од работното време рекоа дека сè уште не го добиле предметот.