Украинскиот претседател Зеленски, пак, изразил благодарност за поддршката што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина од почетокот на воената агресија и додадал оти украинскиот народ високо ја цени
Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и ќе испраќаме помош сѐ додека тоа е потребно, му кажал премиерот Димитар Ковачевски на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на билатералната средба во Атина, која следува по синоќешната неформална вечера организирана од премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.
За време на средбата со Зеленски, македонскиот премиер ја осудил руската воена агресија и притоа нагласил дека Северна Македонија ќе продолжи со својата недвосмислена поддршка за Украина во напорите за одбрана на земјата и заштита на украинскиот суверенитет и територијален интегритет.
„Овој пристап Северна Македонија јасно го манифестира како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г-7 за безбедносни гаранции за Украина“,
рекол премиерот Ковачевски за време на средбата со Зеленски.
Зеленски, пак, изразил благодарност за поддршката што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина од почетокот на воената агресија и додал оти украинскиот народ високо ја цени.