Премиерот на Либан, Хасан Диаб вечерва изјави дека одговорните за големата експлозија во магацин на бејрутското пристаниште, ќе ја платат цената за тоа.
„Ветувам дека ова катастрофа нема да помине без одговорност… Одговорните ќе ја платат цената“,
истакна Диаб.
Тој додаде дека магацинот се наоѓа во пристаништето од 2014 година, но оти нема да зборува за тоа, бидејќи истрагата за причините за експлозијата се во тек.
Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив. Според неименувани безбедносни извори пак, експлозијата се случила во магацин за хемиски супстанци.