Четири члена на едно семејство од Берово се казнети поради прекршување на забраната за движење за време на викендот. Тие биле затекнати во својот автомобил во време од 16 часот до 5 часот, кога во сила е полицискиот час.
За секој од нив се бара казна во висина од 200 до 600 евра.
„Со своите дејствија, секој од обвинетите сторил по едно кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за што јавен обвинител поднесе предлог за издавање казнен налог и му предложи на надлежниот суд да им изрече парични казни во висина од 200 до 600 евра во денарска противвредност“, велат од Јавното обвинителство.