Дали српскиот претседател Александар Вучиќ треба да се тестира за коронавирус откако неговиот син вчера беше дијагностициран со ковид -19.
Ова прашање беше причина за префрлања меѓу новинарите од провладината ТВ Пинк и независнатата Н1 на прес конференцијата на здравствените власти на која беа соопптени најновите податоци за состоојбара со епидемијата во земјата.
И додека новинарите од Н1 инсистираа дека Вучиќ мора да се тестира и да ги почитува мерките кои важат за сите граѓани доколку биле во контакт со заразено лице, новинарите од ТВ Пинк ги обвиниле своите колеги дека сакаат претседателот да биде изолиран.
Вучиќ подоцна во Ниш изјави дека доколку е потребно ќе се тестира, а на новинарот на Н1 му порача да не покажува како што рече, лицемерна грижа за неговото здравје, кога не знае дали воопшто имал ризични контакти. Дури го обвини новинарот дека е на линија на неговите политички противници кои, како што рече, уште на почетокот на март велеле дека е готов и дека неговата популарност брзо ќе му опадне.
„Нема проблем, кажете: Ни пречиш што си жив и во ред е, тоа го разбирам. Но немојте да истакнувате контрадикторни работи како аргументи, затоа што ги нема и немојте да ги прашувате лекарите за мене, туку прашајте ме мене. И немојте да кажувате дека ви е важно да ги слушате лекарите, туку дека доаѓате да ги прашате само зошто Вучиќ е ваков или онаков. Дојдете прашајте ме мене, јас ќе ви одговорам, мене не можете да ме победите со аргументи и факти“,
изјави Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање на новинарат на Н1.
Тој на крајот тој порача дека короната во Србија не може никого да победи, па дури ни него.
Видеото од одговорот на Вучиќ е на следниот линк на Н1.