Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило, е заразен со коронавирус и заради клиничката слика е хоспитализиран на Инфективната клиника во Белград.
Веста ја објави Вучиќ на својот инстаграм профил.
„Кога се почна, мојот Данило ми кажа дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква што е примен на Инфективната клиника“, напиша Вучиќ и додаде дека е убеден дека тој ќе ја победи болеста
Како што јави Н1, Србија денеска до 15 часот бележи пад на бројот на нови заразени, односно позитивни на коронавирусот се 219, во споредба со вчерашните 247. Владата во Белград, исто така, одлучи дополнително да ги засили мерките на забрана за движење и социјална дистанца, со воведување полициски час во текот на целиот викенд.