Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за состојбата со Ковид-19 и за новите мерки за спречување на ширење на вирусот кои ги донесе Собранието.
„Целата Европска Унија, САД и целиот европски континет се наоѓаат на средина, ако не и на врвот на ширењето на вирусот“,
вели Караџовски.
Тој вели дека се надева дека 7-те мерки кои беа предложени од комисијата и усвоени од Собранието ќе дадат ефект.
„Се надеваме дека ќе го сузбиеме пропрорционалното ширење на заболувањето во последниве 10-15 дена, заради тоа што се уште не се исцрпени сите можности за мерките што сме ги предложиле. Очекуваме ефект од новите мерки, за 7 до 10 дена да видиме што ќе се случи. Една мерка што е донесена вчера не може наутро да даде ефект. Сакаме да видиме колку населението ќе ги почитува овие мерки, колку ќе прави дистинкција помеѓу нешто што не било предложено и сега како се предложува и спроведува, и да видиме до каде ни се здравствените капацитети, до каде можеме да издржиме и дали имаме можност да ја прошириме оваа предлог-мерка за здравствените капацитети во државата“,
вели Караџовски.