Раководството на турнирот издаде соопштение во кое се зборува за протоколите за ковид, кои се уште се во сила во Њујорк според кои потребна е вакцинација за влез во САД
Дополнителен сомнеж во можноста за учество на Ѓоковиќ на Ју Ес Опен внесе и објавувањето на фотографија како најава на инстаграм-профилот на турнирот, на која го нема Ѓоковиќ
Официјалната веб-страница на Ју Ес Опен навестува дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да влезе во земјата и да учествува на турнирот во Њујорк поради антиковид протоколите според кои потребна е вакцинација за влез во САД, објавуваат српските медиуми.
Раководството на турнирот вчера издаде соопштение во кое се зборува за протоколите за ковид, кои се уште се во сила во Њујорк.
Според напишаното, на УС Опен, тие планираат да спроведат протоколи за здравје и безбедност и директно им кажаа на сите што доаѓаат во земјата дека нема да можат да влезат без доказ за вакцинација. но, тоа не важи за публиката.
„Во овој момент, од сите сопственици на билети нема да се бара да покажат доказ за вакцинација за да влезат на Ју Ес Опен. Меѓутоа, ако патувате од странство за да присуствувате на Ју Ес Опен, мора да бидете вакцинирани со прифатлива серија вакцини против ковид за да патувате за САД (ова се однесува на оние кои не се државјани на САД или имигранти)“,
се вели во соопштението.
Дополнителен сомнеж во можноста за учество на Ѓоковиќ на Ју Ес Опен внесе и објавувањето на фотографија како најава на инстаграм-профилот на турнирот, на која го нема Ѓоковиќ.
Сепак, остануваат уште само седум дена до почетокот на турнирот, а Ѓоковиќ треба да почека за евентуална промена на одлуката за мерките за коронавирус.
Ју Ес Опен започнува на 29 август и трае до 11 септември, а минатата сезона Ѓоковиќ стигна до финалето каде загуби од Данил Медведев.
Поради неговиот ковид статус на Ѓоковиќ не му беше дозволено да учествува на Аустралија Опен.