Банката Ју-би-ес (УБС) се согласи да ја купи Кредит свис во историски договор, а целта е да се спречи кризата на доверба која се закануваше да се прошири на светските финансиски пазари.
Швајцарската банка за оваа трансакција ќе плати повеќе од три милијарди долари, а се работи за купување на сите акции по цена што е само дел од проценетата вредност на Кредит свис, објави Блумберг.
Договорот доаѓа по вонредните разговори во Швајцарија меѓу двете банки и финансиските регулатори во земјата. Швајцарската национална банка соопшти дека договорот е најдобриот начин да се врати довербата во финансиските пазари и да се управува со ризиците за економијата.