На денешната седница, не помина предлогот за набавка на нови еколошки автобуси, кој беше ставен на дневен ред. Мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за оваа предлог одлука, за која беа потребни гласови од 23 советници, а гласа само 17 советници
Недостигаат од 40 до 50 автобуси за да Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ може да го почитува летниот возен ред. Ова денеска на седница на Советот на Градот Скопје го информираше директорот на ЈСП Драги Кушовски, посочувајќи дека во мометов во сообраќај се вклучени од 190 до 200 автобуси, а зимскиот и летниот возен ред се правени за околу 350 автобуси.

„Со оваа бројка на автобуси не можеме да го опслужиме ни летниот возен ред за кој знаеме дека е скратен возен ред. Колку и да работиме, колку и да сакаме, возачите не се во состојба да го реализираат возниот ред. Од септември кога ќе се воведе зимскиот возен ред, ситуацијата ќе биде уште потешка, бидејќи се зголемува бројот на автобуси. И ниту еден автобус да не се расипе ќе имаме недостаток од 100 автобуси. Во моментов недостигаат од 40 до 50 автобуси“,
вели Кушовски.

На денешната седница, не помина предлогот за набавка на нови еколошки автобуси, кој беше ставен на дневен ред. Мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за оваа предлог одлука, за која беа потребни гласови од 23 советници, а гласа само 17 советници.
Предлогот за набавка на нови еколошки автобуси досега неколкупати се најде на дневен ред на седниците на Советот на Град Скопје, но не ја доби потребната поддршка од советниците.
Градонаалничката на Град Скопје Данела Арсовска ги повика советниците да дадат поддршка за иницијативата за набавка на нови еко автобуси.
„На овој град му се неоходни превозни средства кои ќе бидат еколошки и кои нема да загадуваат и че ги задоволат потребите на граѓаните. Секој ден гладате дека граѓаните се незадоволни. Оваа одлука ќе го реши нивниот проблем кој е во ваши раце. Јас не можам да ја донеса, зашто тоа е ваша одлука. Ако можев јас да ја донесам, досега ќе ја донесев одлуката“
рече таа.
Според неа, оваа набавка е повеќегодишна, а откако почне постапката, би завршила следната година, а набавката би била од 20226 година.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори предмет во врска со сообраќајната несреќа што минатата недела се случи во центарот на Скопје, кога двокатен автобус на ЈСП удри во жардиниера.
Еден ден подоцна, возачот на автобусот во изјава за медиумите кажа дека несреќата е како резултат на неисправноста на возилото поради која изгубил контрола над воланот и удрил во жардиниерата. Посочи оти во неколку наврати била алармирана неисправноста на автобусот, но и покрај тоа тој бил пуштан во сообраќај.