Во извештајот во кој се мери демократскиот напредок на државите во транзиција за период од една година, земјава има оценка од 3.86 за демократски прогрес, а која во претходниот извештај била 3.82. Според одделните категории, највисока оценка земјава добила за граѓанско општество, додека најниско е оценета во категориите судска рамка и независност и за корупција со 3.25
Сепак, и покрај демократскиот напредок, според мапата објавена во извештајот, С Македонија и натаму останува во друштвото на земји со транзициско владеење или хибриден режим, каде што се останатите држави на Западен Балкан – Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово
Северна Македонија минатата година бележи демократски напредок, но и силна политичка поларизација, се вели во најновиот извештај на „Нации во транзиција“ на „Фридом хаус“.
Во извештајот во кој се мери демократскиот напредок на државите во транзиција за период од една година, земјава има оценка од 3.86 за демократски прогрес, а која во претходниот извештај била 3.82.
Според одделните категории, највисока оценка земјава добила за граѓанско општество, додека најниско е оценета во категориите судска рамка и независност, и корупција со 3.25.
Оценувањето за напредокот на земјите се врши на скала од 1 до 7, каде што 7 претставува највисок демократски напредок, а 1 најнизок.
Според категориите во извештајот, оценките за напредокот на земјава се следни:
- за национално демократско владеење, државата е со оценка – 3.50;
- за изборен процес – 4.50;
- за граѓанско општество – 4.75;
- за независни медиуми – 3.50;
- за локално демократско управување – 4.25;
- за судска рамка и независност – 3.25;
- а идентична е и оценката во категоријата корупција – 3.25.
Според оценките во извештајот, од земјите на Западен Балкан, земјава е најдобро рангирана, а зад неа се Србија, Албанија и Црна Гора, чиј демократски напредок е оценет со 3.79, со тоа што Црна Гора бележи назадување во споредба со претходниот извештај.
Сепак, и покрај демократскиот напредок, според мапата објавена во извештајот, С Македонија и натаму останува во друштвото на земји со транзициско владеење или хибриден режим, каде што се останатите држави на Западен Балкан – Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
Во извештајот исто така е нотирана и силна политичка поларизација во земајва, која се рефлектира во парламентарните блокади, што, како што се наведува, влијае во носењето на законите.
„Во Северна Македонија силната политичка поларизација и парламентарните блокади го попречуваат донесувањето на легислативата на национално ниво, но постојаните подобрувања на локалните власти во транспарентноста, граѓанското учество и меѓуопштинската соработка имаа значително позитивно влијание врз демократијата и испораката на јавни услуги“,
се наведува во извештајот.
Во него се забележува дека кај граѓаните на земјите од Западен Балкан постои разочараност во однос на процесот на пристапување кон Европската Унија.
„Граѓаните на земјите од Западен Балкан се чувствуваат напуштени од домашните елити кои се спротивставуваат на демократските реформи и од меѓународните елити кај кои отсуствува решителност да го следат процесот на пристапување“,
се наведува во извештајот, пренесува МИА.
Во извештајот се нотира дека во текот на 2022 година демократските институции на Западен Балкан продолжиле да слабеат, а скромни подобрувања се бележат во Северна Македонија, Албанија и во Косово.