Како дел од одговорот на Израел на нападите од Хамас, неговите воени авиони погодиле неколку згради во центарот на градот Газа, вклучително и 11-катна зграда наречена Палестинска кула
Израелската армија соопшти дека извршила воздушни напади врз две високи згради во Појасот Газа кои ги користел исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со палестинската територија.
Како дел од одговорот на Израел на нападите од Хамас, неговите воени авиони погодиле неколку згради во центарот на градот Газа, вклучително и 11-катна зграда наречена Палестинска кула, на која на покривот се сместени радиостаниците на Хамас.
„Терористичката организација Хамас намерно ја става својата воена опрема во срцето на цивилното население во Појасот Газа“,
соопшти армијата.
Како што наведуваат од израелската армија, станарите биле однапред предупредени и побарано било да се евакуираат пред ударот.
По ова Хамас се закани дека ќе истрела ракети кон Тел Авив како одмазда.
Бројот на загинати во ненадејниот ракетен напад и упад на Хамас на југот на Израел се зголеми на 100, a 985 луѓе се ранети и се во болници. Јавниот сервис Кан пренесува дека десетици ранети се во критична состојба.
Здравствените власти во Појасот Газа соопштија дека најмалку 198 лица загинале, а 1 610 се повредени во израелските воздушни напади.