Денеска се навршија две недели откако стотици цивили беа убиени од палестинските милитанти предводени од Хамас во ненадеен напад врз Израел. Оттогаш израелските одмазднички напади во Газа ги поттикнаа стравувањата од хуманитарна катастрофа и регионална ескалација на конфликтот
Околу 700 000 Палестинци досега избегаа во јужниот дел на Појасот Газа по повикот за евакуација на цивилите во северниот дел на крајбрежниот појас, соопшти израелската армија. Цивилите кои остануваат во градот Газа и северниот дел на палестинската територија треба да се преселат јужно од природниот резерват Вади Газа заради своја заштита, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари.
Израел ќе ги интензивира нападите врз воените цели на Хамас и нивните административни објекти на север, предупреди тој.
„Ќе продолжиме да напаѓаме цели кои би можеле да претставуваат закана за копнените сили во следните фази од војната“,
рече Хагари.
Денеска се навршија две недели откако стотици цивили беа убиени од палестинските милитанти предводени од Хамас во ненадеен напад врз Израел. Оттогаш израелските одмазднички напади во Газа ги поттикнаа стравувањата од хуманитарна катастрофа и регионална ескалација на конфликтот.
ОН: Околу 1,4 милион луѓе се раселени во Газа
Обединетите нации проценуваат дека околу 1,4 милиони луѓе во Појасот Газа веќе се раселени како резултат на израелското бомбардирање. Повеќе од 544 000 од нив побарале засолниште под покровителство на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА). Други се во засолништа со своите семејства или пријателите, соопштија од ОН.
Израел во саботата соопшти дека стотици ракети истрелани од милитантите кон Израел не ја достигнале целта и ја погодиле Газа. Според портпаролот на ИДФ, повеќе од 550 од околу 7 000 ракети истрелани од Газа од почетокот на војната паднале на палестинска територија.
„Погрешно насочените ракетни напади на Хамас и ‘Исламски џихад’ убиваат невини цивили во Појасот Газа“,
изјави Хагари.