Новинската агенција АФП претходно, како што пренесува „Гардијан“, објави дека дека висок функционер на јеменските бунтовници Хути, инаку поддржани од Иран, изјавил дека биле лансирани беспилотни летала кон Израел
Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово пресретнале ракета која од правец на Црвеното Море се движелa кон територијата на Израел, соопшти портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, пренесува „Гардијан“.
„Ракетата земја-земја, која беше лансирана кон територијата на државата Израел од областа на Црвеното Море, беше успешно пресретната од одбранбениот систем со долг дострел „Стрела“.
Системите за откривање на воздухопловните сили ја следеле траекторијата на проектилот и истиот е пресретнат во најсоодветно оперативно време и локација.
Исто така, авиони на ИДФ беа лансирани изутрината по откриена воздушна закана во областа на Црвеното Море и пресретнаа непријателски цели кои летаа во областа.
Сите закани биле пресретнати надвор од територијата на државата Израел. Не е откриен упад на израелска територија“,
напиша Хагари на социјалната мрежа Икс (претходно Твитер).
טיל קרקע-קרקע ששוגר לשטח מדינת ישראל ממרחב ים סוף, יורט בהצלחה על ידי מערכת ההגנה לטווח רחוק ״חץ״.
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) October 31, 2023
מערכות הגילוי של חיל האוויר עקבו אחר מסלול הטיל והוא יורט בזמן ובמיקום המבצעי המתאימים ביותר>>
Новинската агенција АФП претходно, како што пренесува „Гардијан“, објави дека дека висок функционер на јеменските бунтовници Хути, инаку поддржани од Иран, тврдел дека биле лансирани беспилотни летала кон Израел.
„Овие беспилотни летала припаѓаат на државата Јемен“,
изјавил за АФП, Абделазиз бин Хабтур, премиер на владата на Хутите, одговарајќи на прашање во врска со лансирање на беспилотни летала кон градот Еилат на крајниот југ на Израел, кој е пристаниште и популарно одморалиште на северниот брег на Црвеното Море.
Израел ги обвини Хутите за сличен напад со беспилотни летала во петокот, во кој нивните авиони пресретнаа „непријателски цели“ насочени кон јужен Израел.
Шест лица беа полесно повредени во соседен Египет кога остатоци погодија зграда во одморалиштето Таба на Синај, веднаш преку границата од Еилат, соопшти тогаш египетската армија.
Бин Хабтур во изјавата за АФП рекол дека Хутите во текот на денот ќе објават повеќе детали за нивната инволвираност во „отпорот“ против Израел кој веќе речиси еден месец е во војна со Хамас откако милитанти на групата на 7 октомври го нападнаа јужниот дел Израел убивајќи 1 400 лица и земајќи околу 200 заложници.
Израел уште истиот ден почна со одмазднички воздушни напади на Појасот Газа кој е под контрола на Хамас, во кој според извештаите на Министерството за здравство на Газа со кое управува Хамас, досега се убиени над 8 300 луѓе.
Утрово и Хамас и израелските одбранбени сили соопштија за меѓусебни борби кои се водат на територијата на Газа, откако вчера силите на ИДФ навлегоа подлабоко во северниот дел на Појасот.
„Ќе ги фокусираме нашите активности на северниот дел на Газа, тоа е центарот на гравитација на Хамас… но продолжуваме со удари и во другите делови на Газа. Ги ловиме нивните команданти, ја напаѓаме нивната инфраструктура и секогаш кога има важна цел ја напаѓаме“,
соопшти портпаролот на ИДФ полковник Џонатан Конрикус.
Бригадите Ал Касам, вооруженото крило на групата Хамас, пак соопштија дека милитантите утрово се судриле со израелските сили кои ја нападнале јужната оска во Газа. Милитантите, се наведува, користеле митралези и ракети од типот „ал јасин 105“, односно локално произведени противтенковски проектили. Според групата, цел на милитантите биле и два израелски тенка и булдожери во северозападниот дел на Газа.