Италија започна со олабавување на рестриктивните мерки во април, откако бројот на нови случаи со коронавирусот се намали
По неколку месеци, од денеска Италијанците можат да јадат и пијат во ресторани и барови и во затворените делови. До денеска, рестораните и кафулињата можеа да ги служат гости само на отворено, или да продаваат кафе за носење.
„Едно кафе дава чувство дека повторно живееме мирно“,
изјавија за локалните медиуми дел од гостите денеска.
Сопствениците на кафулиња, пак, се задоволни затоа што се повеќе луѓе доаѓаат кај нив.
Италија започна со олабавување на рестриктивните мерки во април, откако бројот на нови случаи со коронавирусот се намали.
До денеска, скоро 35 милиони луѓе во земја со 60 милиони жители примиле барем една доза на вакцина.