Забрана за движење меѓу регионите, а сите оние кои мораат од која било причина да патуваат или да бидат на улица по полицискиот час, ќе треба да имаат потврда за оправданост
Италија воведува полициски час на цела територија од 21 часот до наутро, за да се спречи ширењето на коронавирусот, потврди денеска заменик – министерката за труд Франческа Пуљези.
Одлуката е донесена на владина седница, а ќе важи на целата територија на земјата.
Претседателите на регионите инсистирале ваквата рестриктивна мерка, која може да предизвика социјално незадоволство, да ја донесе Владата, а не од одделни региони. Новата мерка, премиерот Џузепе Конте денеска ќе ја образложи пред Парламентот.
Со неа се предвидува забрана за движење меѓу регионите, а сите оние кои мораат од која било причина да патуваат или да бидат на улица по полицискиот час, ќе треба да имаат потврда за оправданост.
„За жал ќе мораме да ја жртвуваме наставата со физичко присуство и за сите ученици во средните училишта таа ќе бидат онлајн. Се уште не е одлучено дали наставата од дома ќе важи и за учениците од пониските одделенија во основните училишта“,
истакна Пуљези.
Исто така, новата мерка предвидува и намалување на капацитетот на градскиот сообраќај за 50 отсто, трговските центри ќе бидат затворени за време на викенд, а се затвораат и музеите, баровите, салите за видео – игри, изложбите…
Ова една од поригорозните мерки што се презема во Италија по ситуацијата пролетта кога изби пандемијата при што Италија беше најтешко погодена држава во Европа, поради што земјата два месеци (од 9 март до 4 мај) беше во целосен карантин.