Во потрага по потеклото на ковид-19, истражителите сега се фокусирани на два вида животни
Истражителите на Светската здравствена организација ја заокружуваат потрагата по животни кои можеле да го пренесат новиот коронавирус на луѓето, идентификувајќи два вида јазовци и зајаци, кои можеби го носеле вирусот и биле продадени на кинескиот пазар, каде што се појавија многу рани случаи, пренесува „Волстрит журнал“.
Членови на тимот на СЗО кој го испитува потеклото на пандемијата велат дека е потребна понатамошна истрага за снабдувачите со тие и со други животни на пазарот, од кои некои доаѓаат од регион на Кина во близина на нејзините југоисточни азиски граници, каде што се пронајдени најсродни типови на вирусот кај лилјаците.
Истражителите велат дека сè уште не ги утврдиле сите продадени животни, легално или нелегално, живи или мртви, на пазарот во кинескиот град Вухан, кој беше поврзан за првиот познат кластер случаи во декември 2019 година.
Кинеската национална комисија за здравство и Министерството за надворешни работи одбија да коментираат.