Според потписниците на соопштението, шефот на медицинскиот совет на Иран, Мохамад Раеисзадех, ги искористил името и угледот на Медицинскиот совет за „да го легитимира таканаречениот комитет за утврдување факти за да ја прикрие причината за смртта на Махса Амини“
Во форензичкиот извештај, кој беше објавен на 7 октомври, се наведува дека младата Иранка не починала како последица на ударите во главата, виталните органи и екстремитетите, туку поради откажување на повеќе органи поради церебрална хипоксија. Во извештајот не е наведено дали Амини се здобила со повреди, а пишува дека младата девојка колабирала додека била во притвор поради „основни заболувања“
Над 800 члена на Медицинскиот совет на Иран го обвинија шефот на организацијата дека им помага на властите во прикривањето на причината за смртта на Махса Амини, девојката што почина откако беше притворена од т.н. морална полиција поради несоодветно носење хиџаб.
Според потписниците на соопштението, шефот на медицинскиот совет на Иран, Мохамад Раеисзадех, ги искористил името и угледот на организацијата за „да го легитимира таканаречениот комитет за утврдување факти за да ја прикрие причината за смртта на Махса Амини“.
Комитетот за утврдување на факти, според потписниците на соопштението, бил формиран зад затворени врати и нема кредибилитет.
Амини почина на 16 септември, три дена откако беше приведена во полицијата во Техеран поради наводно кршење на правилата за носење хиџаб. Тогаш очевидци изјавуваа дека Амини, која падна во кома откако беше примена во болница, била претепана во полициското комбе.
Во форензичкиот извештај кој беше објавен на 7 октомври, се наведува дека младата Иранка не починала како последица на ударите во главата, виталните органи и екстремитетите, туку поради откажување на повеќе органи поради церебрална хипоксија. Во извештајот не е наведено дали Амини се здобила со повреди, а пишува дека младата девојка колабирала додека била во притвор поради „основни заболувања“.
Семејството на Амини, пак, вели дека таа била во добра здравствена состојба пред нејзиното апсење.
Лекарите кои ја потпишаа заедничката изјава во која го обвинуваат шефот на Медицинскиот совет, изразија жалење оти тој ја заборавил моралната и социјалната обврска на лекарите да го бранат народот.
Смртта на Амини предизвика масовни протести во Иран, а официјалните лица во земјата ја отфрлаа одговорноста на полицијата за морал.