Во продолжение проследете ја интегрално прес-конференцијата на јавниот обвинител Гаврил Бубевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец
Денешната прес-конференција на обвинителот Гаврил Бубевски и министерот Оливер Спасовски беше одржана откако синоќа од Обвинителството информираа дека 14-годишната Вања Ѓорчевска, која седум дена се водеше за исчезната, е пронајдена мртва во околината на Скопје.
На прес-конференцијата беше соопштено дека, согласно првичните информации, таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска индиректно бил вмешан во организирањето на киднапирањето на девојчето со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката
Во врска со втората жртва, 74-годишниот маж од Велес, за чие убиство се осомничени истите лица како и оние кое се сомничат за грабнувањето и убиството на Вања, Спасовски вели дека немал никаква директна врска со девојчето. Поради нерасчистени односи со еден од осомничените, тој бил убиен, а неговото возило „цитроен“ било одземено и потоа употребено при грабнувањето на девојчето.
Утрото на 27 ноември, Вања била грабната од влезот на згрдата во која живеела и со врзани раце и нозе била ставена во вреќа за спиење па во гепекот на „цитроенот“. Девојчето потоа било однесено на локација надвор од Скопје, каде што, според изјавите на сведоците, било извешено убиството и бил запален „цитроенот“.
Поврзани вести:
- Спасовски: Таткото на Вања бил вклучен во нејзиното исчезнување – крајната цел била изнуда на пари од мајката
- Бубевски: Тројца од петтемина осомничени го признаа делото
- Вања била грабната од влезот на зградата, со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење била ставена во гепек и однесена надвор од Скопје