Ова е втора најголема фудбалска трагедија по судирот на навивачи на Перу и Аргентина на квалификациите за Олимписките игри во 1964 година. Тогаш животот го загубија 320 луѓе, а повеќе од 1.000 биле повредени
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино е шокиран од трагедијата во Индонезија во која по фудбалски натпревар животот го загубија 174 луѓе, а 180 се повредени. во стампедо.
Тој оцени дека ова е црн ден за сите кои се вклучени во фудбалот.
„Им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата и пријателите на жртвите кои ги загубија животите во овој трагичен инцидент. Заедно со ФИФА и глобалната фудбалска заедница, сите наши мисли и молитви се со жртвите, оние кои се повредени, заедно со народот на Република Индонезија, Азиската фудбалска конфедерација, Индонезиската фудбалска асоцијација и Индонезиската фудбалска лига на ова тешко време“,
изјави Инфантино.

Инцидентот се случи кога навивачи, незадоволни од резултатот на својот тим, по што полицијата употреби солзавец за да ги смири.
Според досегашните информации најмалку 174 лица загинаа, а над 180 се повредени во стампедото на фудбалскиот меч, што вчера по локално време се одиграл во градот Маланг во Источна Јава, откако полицијата употребила солзавец за да ги разбие немирите што ги предизивикале навивачите на домашниот тим Арема. Полициската интервенција предизвикала стампедо и метеж во кој луѓето паѓале и газеле едни врз други, гушејќи се.
Ова е втора најголема фудбалска трагедија по судирот на навивачи на Перу и Аргентина на квалификациите за Олимписките игри во 1964 година. Тогаш животот го загубија 320 луѓе, а повеќе од 1.000 биле повредени.