Според верзијата на Основното јавно обвинителство Скопје, бугарските навивачи со две возила се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде што прво влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани, која преминала и во физичка пресметка, а завршила со прободување на 29-годишен бугарски државјанин. Министерот Спасовски кажа дека напаѓачите се идентификувани
Новинарска екипа на Нова.бг, која е во Македонија од вчера, успеала да разговара со бугарските навивачи кои учествуваа во инцидентите во Скопје пред натпреварот Шкупи-Левски.
Во однос на нападот на бугарски државјанин во Чаир, телевизијата дознава дека биле направени 5-6 обиди бугарскиот навивач да биде прободен со нож, а еден од нив бил успешен. Прободениот сега е во стабилна состојба.
Телевизијата поседува снимки од автомобилот каде што седело прободеното момче. Од нив се гледа крв на вратата и на едно од седиштата на задниот дел од возилото.
„Од прозорецот го прободеле, без да може да се заштити на каков било начин“,
тврди Петар Бозов за Нова.бг, кој вели дека и самиот бил повреден.
Ова се дел од навивачи кои со две возила дошле да го проследат натпреварот во Скопје, а се движеле по трасата што им ја дале од клубот Левски. Првично се движеле во кордон, но колоната се раздвоила на автопат.
Околу 6 часот влегле во Скопје и пред една од раскрсниците (можно е да е клучката кај Бит-пазар н.з.) возачот на едниот автомобил застанал и го запрел другиот за да праша дали знаат каде се движат?
„Јас реков да, одиме по рутата што ни ја дадоа од Левски. Потоа до нас застана полициско возило и ги прашавме дали да одиме десно? Тие ни одговорија да, вози, вози. Испадна дека тоа е излезот од патот за Чаир“,
вели навивачот.
Сведокот навивач посочи и дека наеднаш забележал како го напаѓаат другото возило со разни предмети. За многу брзо се собрале многу луѓе, за кои вели дека биле млади момчиња кои се насобрале околу автомобилот. Тој слегол од возилото, па и самиот се здобил со повреди.
„Како што разбрав, прободениот има една рана во стомакот, ние бевме во другиот автомобил. Видов дека момчето почна да губи свест. Потоа запревме полициско возило и побаравме да ни помогнат“,
вели сведокот и тврди дека во болница прво им побарале такса за услугата.
Сведокот вели дека го пропуштиле натпреварот.
Видеото може да го погледнете овде.
Според верзијата на Основното јавно обвинителство Скопје, бугарските навивачи со две возила се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде што прво влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани, која преминала и во физичка пресметка, а завршила со прободување на 29-годишен бугарски државјанин.
Првични сознанија на Обвинителството се дека локалните граѓани вклучени во инцидентот не се дел од навивачка група. Но, тоа ќе се провери.
Министерот Спасовски денеска кажа дека идентификувани се напаѓачите.